СЕЛЕКТИВЕН ХЕРБИЦИД ЗА СУЗБИВАЊЕ НА ТЕСНОЛИСНИ И ШИРОКОЛИСНИ ПЛЕВЕЛИ ПО НИКНУВАЊЕ КАЈ ПЧЕНКА И ВО НЕЗЕМЈОДЕЛСКИ ПОВРШИНИ

Употреба:
Се употребува после никнење на културата и плевелите во следните стадиуми на развој:

  • Пченката од 2-3 до 5-6 листови
  • Широколисните плевели од 2-4 листови
  • Теснолисните плевели од 2 листа до почеток на братење
  • Коштан од ризоми од 10-20 см висина.

Примена кај пченка: 

  • Осетливи плевели – Монокотиледони – теснолисни плевели:
    – Див овес (Avena spp.), пиреј (Agropyron repens), лисичина опашка (Alopecurus myosuroides), влакнесто просо (Echinochloa crus-galli), рајграс (Lolium spp.), мухар (Setaria spp), коштан (Sorghum halepense) од семе и ризом.
  • Дикотиледони – широколисни плевели:
    – Штир (Amaranthus spp.), пелинеста амброзија (Ambrosia artemisifolia), штир (Ammi majus), двозабец троделен( Bidens tripartia), овчарска торбичка (Capsella bursa-pastoris), дворетка (Diplotaxis erucoides), чадливка (Fumaria officinalis), обична коника (Gаlinsoga parviflora), камилица (Matricaria chamomilla), просинец (Mercurialis annua), горчливка ежеста (Picris echioides), дворски повит (Polygonum persicaria), голем повит (Polygonum lapathifolium), толчница (Portulaca oleracea), дива ротквица (Raphanus raphanistrum), (Rapistrum rugosum), послки синап (Sinapis arvensis), полски осот (Sonchus oleraceus), звездарка (Stellaria media). Средно осетливи плевели
  • Монокителедони – класести плевели :
    – Просо (Panicum spp), обично просо (Digitaria sanguinalis).
  • Дикотиледони- широколисни плевели:
    – Татула (Datura stramonium), див сончоглед (Helianthus tuberosus), крмус (Phitolacca americana), повивка (Fallopia(Poligonum)convolvulus), црн зрнец (Solanum nigrum), чичка ( Xanthium spp.)


Дозирање кај пченка:

  • 1-1,5 L/ha: се препорачува помала доза за сузбивање на сензитивните плевели и во првите фази на развој на плевелите. Поголема доза се препорачува за сузбивање на Sorghum од ризоми и за поразвиените или средно сензитивните плевели.
  • 1+0,5 L/ha: во случај на плевели со скаларно растење се препорачува поделба на третирањето со производот во две апликации на растојание од 7-10 дена помеѓу нив.

За комплетирање на дејството на IKANOS 4OD на поразвиени осетливи плевели или средно осетливи теофрастов слез (Abutilon theophrasti), лобода (Chenopodium spp.) се препорачува мешање со специфични производи Bromoxynil, Dicamba, Fluroxipir. Одлични резултати дури и кај најотпорните дикотиледони плевели се добиени во комбинација IKANOS 4OD 1 L/ha+DICOPUR TOP 0,5 L/ha U- D L/ha. Oдлично се комбинира и со U-46 D во доза од 1 L/ha.

Similar Posts