ХЕРБИЦИД ЗА СУЗБИВАЊЕ НА ШИРОКОЛИСНИ ПЛЕВЕЛИ ВО ЖИТАРИЦИ

Начин на дејствување:

Mногу брзо се апсорбира од листовите, се шири до точките на растење и на тој начин, за неколку часа, го запира понатамошниот развој на плевелот. Флорасулам ја инхибира синтезата на есенцијалните амино киселини. Активната супстанција 2,4-D влијае на пропустливоста на клеточните ѕидови и промените во метаболизмот на нуклеинската киселина.

Примена:

Mustang има широка можност за примена во однос на температурата и фенофазата на културата. Оптималната температура на примена е од 8-25 C кога плевелите се во пораст што овозможува најдобра апсорпција на хербицидот и негова транслокација кон местото на делување. Во житарици се користи од почеток на братење до видливо прво коленце, а во пченка се користи во стадиум од 4 до 5-ти лист на пченката.

Активните материи во Mustang брзо се распаѓаат во почвата, така што после неговата примена може да се сее било која култура без несакани дејства. Ако на пример нивата се преора, на истата површина може да се посее пченица, пченка или соја.

Употреба и мешање:

Mustang е комбиниран хербицид за сузбивање на широколисни плевели и намалување на заплевеленоста од повеќегодишните широколисни плевели.

  • озими и пролетни пченица и јачмен:
    се применува во доза од 0,4-0,6 l/ha (40-60 ml na 1000m2) третирањето треба да се изврши во пролет од почеток на братење до видливо прво коленце (BBCH 21-31) кога широколисните плевели се во фаза од 2-6 листа. Се користи 200-400 l/ha  вода.
  • пченка за зрно и силажа:
    се применува во доза од 0,5-0,6 l/ha (50-60 ml 1000 m2) во стадиум од 4 до 5-ти лист на пченката.

Каренца:

Обезбедена со време на примена во озима и пролетна пченица, јачмен и пченка за зрно.
Пченка за силажа може да се жнее најрано во фаза на млечна зрелост.

Спектар на делување:

  • Дива лобода (Chenopodium album)
  • Нивска повивка (Polygonium convolvulus)
  • Обична ѕвезденка (Stellaria media)
  • Ситноцветна галинсога (Galinsoga parviflora)
  • Вртипоп (Anthemis arvensis)
  • Полско огнивче (Anagallis arvensis)
  • Полска поточница (Myosotis arvensis)
  • Персиско велигденче (Veronica persica)
  • Камилица (Matricaria chamomilla)
  • Лепавец (Galium aparine)
  • Глушина (Vicia spp)
  • Амброзија (Ambrosia elatior)

Намалување од заплевеленост од повеќегодишни широколисни плевели:

  • Паламида (Cirsium arvense)
  • Полски слачец (Convolvolus arvensis)

Similar Posts